Молер без фирма може да ви биде само соседот, и тоа гратис

Изработувам семинарски, магистерски и докторати, вршам поправка на електрични апарати, компјутери, продавам половни возила, нудам масажи, ѕидарски, молерофарбарски услуги. Лицата што нудат вакви услуги преку оглас без да ја имаат регистрирано дејноста ќе се соочат со казни од неколку илјади евра. Но на тапет ќе биде и фирмата што ги огласува ако не побара документи за регистрацијата и една година не ги чува податоците за огласувачите. Ова се предвидува со Предлог-законот за забраната и спречувањето нерегистрирана дејност, кој с` уште не влегол во владина процедура, објави весникот „Дневник“.

Спред информации од  Министерството за труд, целта е да се  намали сивата економија, да се спречи нелојалната конкуренција и злоупотребата од неплаќање даноци и социјални придонеси, како и поголема заштита на граѓаните како потрошувачи и корисници на услуги.

„Се анализираат и се земаат предвид искуствата од Хрватска и Словенија, кои веќе имаат донесено вакви закони. Има првичен текст на законот, кој не е конечен и е пуштен на мислење до надлежните институции, кои до крајот на месецот треба да дадат мислења, забелешки, препораки за подобрување на текстот – вели за „Дневник“ министерот за труд, Диме Спасов.

Според првичната верзија на законот, мандатните казни на самото место изнесуваат од 1.000 до 1.500 евра и за лицето што нелегално продава стока или услуга, но и за соучесници, а може да му се одземе стоката ако во рок од една година го повтори прекршокот. Прекршочните глоби се движат и до 9.000 евра за правни или физички лица што го прекршиле законот. Одредбите на овој предлог-закон се однесуваат и на правни и на физички лица што имаат седиште или престојувалиште надвор од Македонија, а својата дејност ја вршат во земјава.

Во огласниците врие од различни огласи. Сите нудат различни услуги, од електричарски, сервисерски, водоинсталатерски, молерски,
Примарна цел на законот ќе биде решавањето на нерегистрираните дејности каде што се врти голем профит, дознаваме неофицијално. Првичната цел на законот е  да се реши проблемот со физички лица што се јавуваат како изведувачи на големи градежни проекти, како и на станбено-деловен простор од кој при продажба остваруваат голем профит.

На удар ќе бидат и плацовите за продажба на половни автомобили, кои увезуваат стотици возила годишно, но не преку фирма, туку како физички лица.

Со овој закон државата реши да се справи со сивата економија во земјава, од која годишно се одлеваат над 100 милиони евра од државниот буџет.

Со Предлог-законот е забранета секоја дејност што не е регистрирана, а дозволени се само соседска и семејна помош, ама за без пари. Ова значи дека веќе ни соседот што работи како електричар нема да може да дојде и да ви го поправи расипаниот електричен апарат, освен ако тоа не го прави гратис. За с` друго ќе треба пишан договор,  со регистрирана фирма или трговец, пишува „Дневник“.