Му ја пробил лозинката на Фејсбук па го уценувал за поени за ГТА

Посебен извештај поднесе кавадаречката полиција против шеснаесетгодишник од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

Имено, пред околу 3-4 месеци, пријавениот откако пробил лозинка од е-маил на оштетениот, со кој бил регистриран на Фејсбук, ја превзел администрацијата над неговиот профил.

По ова пријавениот започнал да му испраќа пораки со уценувачка содржина, дека доколку не му прател лозинки од Фејсбук страници со над 25-30.000 лајкови или поени за компјутерската игра – ГТА, ќе објавувал од неговиот профил слики и пораки.