МВР вчера издало 1.808 потврди на мигранти за барање азил

МВР во текот на вчерашниот ден издало вкупно 1.808 потврди на мигранти за остварување на правото на азил, од кои, 1.124 се мажи, 249  се жени, 310 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 125 деца кои патуваат без родител.

Константно најбројни бегалците од Сирија

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се мигранти од Сирија-1.475, Авганистан – 174, Пакистан-45, Ирак-44, додека другите се во помал број.

Вкупно 58.959 издадени потврди на бегалци

Од измените на Законот за азил досега издадени се потврди на вкупно 58.959 странски државјани, од кои, 40.318 се мажи, 8.047 се жени, 9.277 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.317 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-47.929, потоа Авганистан-3.330, Ирак-2.666, Пакистан-1.718 Палестина-723,Сомалија-571, Бангладеж-419, Конго-323, Нигерија-201, Камерун-159 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Во текот на вчерашниот ден до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Вкупно 49 барања за азил од законските измени

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денес до Одделението за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 03.09.2015 година евидентирани се вкупно 16 баратели на азил, од кои 11 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 1 барателка на азил е женa и 4 баратели на азил се малолетни лица, од кои едно малолетно лице е без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил – еден маж, една жена и две малолетни лица од кои едно малолетно лице е без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.