МВР заплени марихуана и хашиш вредни половина милион евра

Во акцијата „Мрежа“ МВР пресече меѓународен канал за трговија со дрога, која потекнува главно од Албанија, а била наменета за западноевропскиот пазар, во вредност од 500 илјади евра, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Полицијата во близина на граничниот премин Богородица заплени 136 пакувања во кои имало 135,5 марихуана и 2 пакетиња во кои имало 5 килограми хашиш.

Дрогата била пронајдена кај Ѓ.П (47) и Г.Г.(49), двајцата државјани на Македонија.

При апсењето на  Г.Г. во бегство се дале уште 5 други лица кои се уште се недостапни.

Во акцијата исто така уапсено е и лице од струшко Калишта во чија сопственост бил автомобилот кој служел за транспорт на дрогата, а уште против две лица е поднесена кривична пријава и им е одреден протвор во времетрање од 30 дена.