На Британија и олесна, Камерон вети поголеми овластувања на ентитетите

Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон денеска вети дека, на ентитетите кои живеат во таа земја ќе им даде поголеми овластувања, откако граѓаните на Шкотска се изјаснија дека нема да го завршат Сојузот со Велика Британија и нема да основаат независна држава.

„Како што граѓаните на Шкотска ќе добијат поголеми овластувања да си ги уредуваат своите работи, следствено на тоа и граѓаните на Англија, Велс, Северна Ирска мораат да добијат поголеми овластувања,“ изјави Камерон.
Тој наведе дека, како што вети пред гласањето, Шкотска ќе добие поголеми овластувања при наплаќање на данок, потрошувачката и социјалните давачки. Договорот ќе биде усогласен во ноември, а предлог-законот би требало да биде во парламентот до јануари.

Камерон изјави дека прашањето за независноста на Шкотска е решено на подолг временски период, откако избирачите јасно се изјаснија дека сакаат да бидат дел од Велика Британија.

„Не може да има никакви спорови ниту репризи, ја слушнавме волјата на шкотскиот народ,“ изјави Камерон на прес-конференцијата во Лондон.

Врз основа на резултатите од гласањето објавени во 31 од 32 региони, 55,42 отсто од граѓаните на Шкотска се изјаснија за да останат во рамките на Велика Британија, додека 44,58 отсто од граѓаните сакаа Шкотска да ја прекина 300 годишнината од сојузот со Велика Британија.

Премиерот на Шкотска, Алекс Салмонд предводник на отцепувањето,го призна поразот откако 31 регион ги објави резултатите од гласањето.