На продажба уште една парцела во Кисела Вода

Општина Кисела Вода, потсетува дека објави продажба на градежна парцела за изградба на станбена зграда, со компатибилна класа за деловни и комерцијални намени. Понудената парцела со површина од 1.079 метри квадратни се наоѓа спроти паркот Шопен и на неа може да се подигне објект со бруто развиена површина од 4.945 метри квадратни и максимална висина од 21 метри.

Почетната цена на земјиштето е 4.300 денари за метар квадратен. Од општината  ги известуваат сите заинтересирани, а посебно посетителите на Саемот за градежништво и недвижности, кој во моментов е во тек, дека пријавата за учество на електронското јавно наддавање треба да се достави најдоцна до 23 март, на интернет адресата www.gradeznozemjiste.mk, а наддавањето е планирано да се одржи на 27 март. Повеќе информации можат да добијат на интернет страницата на општина Кисела Вода, а воедно, на истото место, можат да ги погледнат и сите јавно достапни детални урбанистички планови на општината или да закажат состанок во секторот урбанизам.

parcelaa (1)

На овој начин, сите заедно би учествувале во планската урбанизација на просторот, што е императив за оваа локална самоуправа.

Имено, низ транспарентен процес, со голема вклученост на  граѓаните и бизнис заедницата, општина Кисела Вода, во изминатиот период  донесе 10 детални урбанистички планови. За потсетување, во општина Кисела Вода, како инвеститор, преку јавна лицитација, неодамна влезе “Адора Инженеринг”,  која го купи градежното земјиште на местото од поранешната фабрика за сапун “Цветан Димов”. Согласно законот и огласот, оваа компанија, која е веќе докажан симбол за квалитет, во рок од девет месеци треба да започне со градење на станбено-деловен објект.