На Украина и се потребни повеќе од 35 милијарди долари

Арсениј Јаценјук објави дека државната каса на Украина е испразнета, а земјата е доведена до банкрот. Според него, земјата може да западне во буџетски дефицит, но не до крајот на тековната година, туку до крајот на тековниот месец.

„Под закана е и банкарскиот систем на земјата“, тврди Јаценјук.

Неколку украински заводи веќе прекинале со исплатите, за да избегнат користење на државни средства за нецелните акции.

Исплаќањето на платите во државните установи е одложени, пишува „Взглјад“.

Министерот за финансии на Украина, Јуриј Колобов, изјавил дека земјата има потреба од 35 милијарди долари во рок од две години за нејзина модернизација и реформи.

„Овие пари се потребни за моменталната потрошувачка, отплата на долгови, дефицит на трговскиот биланс, социјални плаќања. Не може уште долго време да се продолжи така. Треба брзо да се реанимира економијата. Ако Украина добие заем за еден – два месеца ќе избегне банкрот, но ако потоа не направи ништо, тогаш повторно ќе биде под негова закана“, изјавил експертот од Центарот за економски случувања Александр Пасхавер.