Начевски и Николов ќе судат на Ф4 во Келн

Македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел од фајналфор турнирот од Лигата на шампионите во Келн, откако беа избрани за да ја делат правдата на вториот полуфинален меч меѓу Кил и Веспрем.

Македонците му донесоа среќа на Веспрем на Ф4 турнирот од СЕХА-лигата, каде во полуфиналето унгарскиот состав ќе се сретне со Кил. Делегати на оваа средба, која ќе почне во 18 часот, ќе бидат Виктор Поладенко од Русија и Хелмут Виле од Австрија.

Првото полуфинале, во кое на 30 мај со почеток во 15:15 часот Кире Лазаров со Барселона ќе и се спротивстави на екипата на Киелце, ќе биде судено од страна на Летонците Ренарс Лицис и Зигмарс Столаровс.