Над 800 000 Украинци пребегале во Русија

Бројот на жители од Југоисточна Украина кои ги напуштиле домовите од почетокот на воените дејствија и сега се во Русија, изнесува над 800.000 луѓе, соопшти Федералната миграциска служба (ФМС), пренесе МИА.

Според податоци на ФМС од почетокот на годината секој ден во Русија просечно влегуваат ои 1.200 жители на Југоисточна Украина.

– До денеска повеќе од 276.000 луѓе, кои пристигнале од Украина побарале да добијат статус на бегалци и доделено им е привремено засолниште. Секој ден околу 500 луѓе доставуваат такви молби до ФМС. Најголем број украински граѓани се од градовите Централнија, Приволжкија и од од Јужниот федерален округ, се посочува во соопштението на ФМС.

Во Руската Федерација привремено жителство досега добиле околу 150.000 граѓани на Украина.