Надал го доби маратонот со Симон

Светскиот тениски рекет број еден Рафаел Надал, го доби тричасовниот маратон на теренот со Французинот Жил Симон, совладувајќи го со 7:6, 6:7, 6:2 и се пласира во осминафиналето на мастерс турнирот во Рим.

Надал можеше да го реши натпреварот уште во вториот сет , кога на почетокот направи два брејка и поведе со 3:0. Но , ова не го обесхрабри Французинот, кој се врати во сетот и го доби во тај брејкот. Надал ја подигна играта на повисоко ниво и рутински го доби решавачкиот сет. Во следната рунда, Надал за противник ќе го има Русинот Михаил Јужни.

Претходно изненадување направи Французинот Жил Симон, кој го елиминира Швајцарецот Роже Федерер со 1:6, 6:3, 7:6.