Најмалку една жртва во поплавите во Грција

Поплавите во северниот дел на Грција изминативе неколку дена однесоа најмалку еден човечки живот.

Голем број патишта се затворени поради лошото време и интензивните врнежи.

Снег паѓа на планините. Температурите драстично опаднаа и властите препорачуваат возачите на моторни возила да бидат опремени со синџири за снег.

Во меѓувреме, реката Марица на грчка територија го преминала критичниот праг и во јужниот дел на речното корито водите достигнале 6,30 метри, јави АНА-МПА.