Нападнат скопјанец кај Скендербег

На 28.11.2014 година околу 18.30 часот во Скопје, кај паркингот „Скендер бег“, Ф.И.(20) од Скопје физички бил нападнат од страна на неколку непознати машки лица на начин што непознатите лица палки му задале неколку удари по телото а две од нив со нож му нанеле неколку убодни рани во пределот на грбот. По здобиените повреди Ф.И. отишол дома со автобус, по што од страна на домашните бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани неколку убодни рани, по укажана лекарска помош истиот е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.