НБА: Антиќ и останатите “јастреби” славеа против Мајами, прва победа за Филаделфија

Атланта забележа нова 11-та победа во НБА лигата, откако синоќа славеа на гостувањето во Мајами со 112:102.

“Јастребите” понесени на крилата на Џеф Тиг со 27 и Кајл Корвер со 18 поени извојуваа победа против Мајами Хит, кој иако ги имаше расположените Вејд, Бош и Чалмерс, кои постигнаа 28, 27 односно 19 поени, сепак не успеа да слави пред домашните фанови.

Нашиот Перо Антиќ одигра речиси 20 минути, за кои постигна скромни четири поени, а имаше и еден скок.

Од синоќешните натпревари за одбележување е и првата победа сезонава за тимот на Филаделфија. По седумнаесетте стартни порази, “сиксерси” конечно славеа, а нивна прва жртва сезонава е тимот на Минесота.

Филаделфија славеше со 77:85, а најзаслужни беа Мајкл Картер-Вилијамс со 20 поени, 9 скока и асистенции, како и Ковингтон со 17 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Чикаго 95:102
Вашингтон – ЛА Лејкерс 111:95
Бостон – Детроит 109:102
Нруклин – Сан Антонио 95:93
Мајами – Атланта 102:112
Хјустон – Мемфис 105:96
Милвоки – Далас 105:107
Минесота – Филаделфија 77:85
Јута – Торонто 104:123
ЛА Клиперс – Орландо 114:86