Не може да има пратенички прашања без пола Влада во Собранието

Наместо да и се додворувате на Владата треба да ги браните интересите на пратениците и да барате транспарентност и сериозност од страна на министрите, му порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на првиот парламентарец, Талат Џафери на денешната седница.

Токму затоа барам на сајтот на Собранието да ги објавите сите писмено поставени прашања кои немаат одоговор од страна на надлежните министри, откако неколку пратеници се пожалија дека со месеци чекаат одговори за писмените прашања кои ги поставиле, рече Димовски.

Тој додаде дека Талат Џафери сериозно да ја третира седницата за поставување на пратенички прашања и во иднина да побара присуство на Владините преставници на седницата бидејќи на денешната седница пола министри не присуствувале.