(Видео) Несреќа во Московското метро: 12 загинати, 50 во критична сотојба

Според последните податоци објавени во медиумите, во несреќа во Московскот метро која се случи утринава загинале најмалку 12 лица,  149 се префрлени во болница од кои 50 се наоѓаат во тешка состојба, соопштило Министерството за вонредни ситуации на Русија.

Првиот вагон, претрпел најмногу штети, навел еден од патниците од другиот вагон и дода дека возот нагло излетал и дека светлата на возот се изгаснале. „Бев фрлен во воздух. Имаше крв на подот, модрици по главите, скршеници на рацете“ Изби паника“, опишал сведокот на судирите кој се претставил како Иван во Изјавата за Раша Тудеј.

Весникот пренесува дека е јавено дека некаде седум патници останале заробени во еден од вагоните на возот и дека се превземени чекори и обиди да се евакуираат заробените патници, кои останале заглавени во тунелот помеѓу  Паркот на Победата и станицата на булеварот Славјанкс, на западниот дел од Москва.

До исфрлање на вагонот дошло околу 200 метри од станицата на метрото Славјански Булев вар, пренела агенцијата Итар Тас според извори од московската полиција.

Портпаролот на руското министерство за вонредни ситуации изјавил за агенцијата Ројтерс дека добиле информации од сведоци дека возот нагло закочил, после што повеќе вагони на подземната железница излеталеод шините.

Руските телевизиски станици пренесуваат дека повредените се превезени во болница со хеликоптер и дека спасителите и пожарникарите и понатаму евакуираат луѓе кои се заглавени во тунелот.