Нетанјаху: Израел нема веќе да дава територии

Израелскиот премиер бенјамин Нетанјаху изјави синоќа дека Израел нема веќе да дава територии поради моментната клима на Блискиот исток со што, најверојатно исклучува можност за основање на палестинска држава.

Изјавата на Нетанјаху дадена пред изборите закажани за 17 март отфрла клучна цел на меѓународната заедница и не наговестува мировни напори во случај повторно да биде избран.

– Премиерот Нетанјаху рече дека секоја евакуирана територија ќе падне во рацете на исламскиот екстремизам и терористички организации кои ги поддржува Иран. Затоа нема да има концесии ниту повлекување. Тоа е ирелевантно, се вели во соопштение на неговата конзервативна партија Ликуд.

Меѓународната заедница веќе долго врши притисок да се основа палестинска држава на територии кои Израел ги освоил во 6-дневната војна во 1967 година.