
НетПрес дознава, судот денеска донесе правосилна судска пресуда за Звонко Костовски еден од обвинетите во случајот „Пуч“.
Оваа пресуда е донесена, според извори на НетПрес, по претходно јавно признание за стореното кривично дело за кое се товари ова лице во случајот „Пуч“.
Костовски дал признание за сите аспекти, актери, дејствија, околности и други детали поврзани со овој случај. Се очекуваат повеќе информации од судот.
Според првичните информации кои ги добивме, Костовски добил тригодишна затворска казна.