Неверојатен број на повреди во Арсенал изминативе 10 години

Повредите одамна се главниот проблем на Арсенал, а нема сезона Арсен Венгер да не се соочи со проблеми од ваков вид.

Во изминатите 10 сезони, фудбалерите на Арсенал имале неверојатни 667 повреди. Така беше и викендов во локалното дерби против Тотенхем, кога Арсенал остана без двајцата играчи за врска, Микел Артета и Арон Ремзи.

arsenal-povredi-500

„Топџиите“ најчесто го повредуваат скочниот зглоб и стапалата (157), троцифрен број има кај задната ложа (107). Често пати на фудбалерите на Арсен Венгер страда бутниот мускул (82), колената (73), препоните (59)…