Неверство или маркентинг трик?

Бионсе покрена лавина од гласини за брачно неверство, а сега дојде ред и на Џеј Зи кој на сите ќе им појасни што навистина се случува во нивниот брак.

Премногу прашина се крена околу новиот албум на Бионсе, што многумина го протолкуваа како пресметка со неверниот сопруг и мистериозната Беки, иако веднаш се појавија приказни дека целата таа контроверза всушност е само добар маркетинг трик на највлијателната двојка на музичката сцена.

Нештата да бидат поинтересни, на годинешната Мет Гала, некои убавици беа забележани и со интересен беџ „Не сум Беки“ („Not Becky“) со што алудираат на тоа дека не му се љубовници на Џеј Зи а сега се појавија и гласини дека славниот рапер работи на нов албум во кој треба да ја раскаже неговата страна на приказната за „Lemonade“.

Без разлика дали се работи за дезинформација или добар маркетинг трик, публиката со нетрпение очекува да ја слушне и неговата страна за приказната.