Невработеноста во Бразил достигна рекордно ниско ниво од 4,6 отсто

Невработеноста во Бразил достигна рекордно ниско ниво од 4,6 отсто во месец ноември, јавува „АФП“.

Според Бразилската статистичка агенција намалувањето на бројот на невработените покажува дека пазарот на трудот ги одржува своите позиции и покрај застојот во економскиот раст и слабата побарувачка.