Невреме во Скопје (ВИДЕО)

Главниот град денеска го зафати невреме проследено со дожд и град. Времето денеска е променливо, па така можат да се забележат период од денот каде врне дожд, град, но и периоди кога грее сонце.

Слично време не очекува и во следните неколку денови.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран денес ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (околу 40 л/м 2 ), особено попладне во источните делови каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер (на места над 70км/час), кој доцна попладне ќе го промени правецот во северен. Во текот на ноќта на планините врнежите ќе поминуваат во снег.

Утре ќе се задржи претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките ќе се формира снежна покривка, особено во северозападните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Од средa во текот на денот ќе има постепено намалување на облачноста и дневната температура ќе биде во пораст и во петок ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.