
Нигериската армија тврди дека разрушила 10 кампа на групата Боко Харам во североисточниот дел на Нигерија, при офанзивата против исламистичките борци, објави МИА.
Армијата ликвидирала многу борци на Боко Харам и запленила неколку оклопни возила и противвоздушни оружја. Еден војник загинал при експлозија на мина.
Илјадници луѓе загинаа, а неколку милиони беа принудени да ги напуштат своите домови како резултат на шестгодишната вооружена дејност на групата.
Оваа година соседните држави Чад, Нигер и Камерун започнаа заедно со Нигерија офанзива против Боко Харам.