Норвешка: Азиланти силувале пријател и го снимиле грозоморниот чин

Четворица мигранти се обвинети за силување во Норвешка, откако го нападнале нивниот 19-годишен пријател кого го познавале уште пред да стигнат во Европа. Видео снимката од нападот во моментов е клучен доказ во случајотм јавува „Раша тудеј“.

Инцидентот се случил во прифатниот центар Ослофјорд во декември минатата година.

Четворицата мажи го силувале и го претепале 19 годишниот пријател кој потоа бил пренесен во болница во сериозна здравствена состојба.

Насловна на полски неделник ја шокираше Европа
Насловна на полски неделник ја шокираше Европа

Тројца од азилантите биле задржани во притвор веднаш по инцидентот. Четвртиот маж бил уапсен во петокот во Стокхолм. Тој, како што пишуваат медиумите веќе имал шведско државјанство а кампот го посетил само еднаш и тоа дента кога се случил инцидентот.

Според истрагата, еден од мигрантите кој има околу 40 години бил мозок на нападот. Тој признал дека бил на местото на настанот но вели дека не е виновен.

Инаку норвеша неодамна почна да спроведува посебни часови против силување за мигранти, откако над 1.000 жени беа нападнати од азиланти во Келн за новогодишната ноќ.

Вестите за случаи на силување и сексуални напади станаа чести во Европа, откако беа прифатени над еден милион бегалци од земјите на Средниот Исток.

Претходно, Австрија беше во шок откако се појави информацијата дека бегалец од Ирак силувал 10-годишно момче во базен во Виена. Повеќе за ова на следниот линк.