
Силен земјотрес денес повторно беше регистриран во Чиле.
Земјотресот бил со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес се случи вчера и беше 8,3 степени според Рихтер.
Епицентарот беше 90 километри северозападно од пристанишниот град Валпараиса, а на длабочина од 8,7 километри.
Во вчерашниот земјотрес во северниот дел на државата загинаа десет луѓе, 20 се повредени а евакуирани се еден милион луѓе.
Цунами достигна до Јапонија по земјотресот во Чиле
Цунами го достигна денеска крајбрежјето на Јапонија, по силниот земјотрес во Чиле, јави ТАСС, повикувајќи се на јапонската метеоролошка служба.
Бран со височина од 70 см стигна до североисточното крајбрежје на Јапонија во реонот на градот Куџи.
Претходно бран со височина од 40 сантиметри го достигна северниот остров Хокаидо. Бранови беа регистрирани и крај бреговите на островот Хоншу, во префектурата Ивате и нивната височина достигна 30 сантиметри.
Мали бранови цунами имаше и во соседните префектури на Токио, Ибараки и Чиба.
Според синоптичарите, височината на цунамито може да достигне до еден метар.