Почнува новата академска година

Од утре почнува новата академска година. На факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доаѓа уште една  генерација студенти, со што се означува почетокот на новата академска 2015/2016 година.

Од УКИМ информираат дека негувајќи ја традицијата, организирано и свечено да се пречекуваат новите академски граѓани, факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организираат први академски часови.

Почнува новата академска година
Почнува новата академска година

Ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски на утре ќе присуствува на првиот академски час на студентите на Медицинскиот факултет, кој ќе се одржи во амфитеатарот на Факултетот, со почеток во 11, 00 часот.

Обраќајќи им се на студентите на Медицинскиот факултет, ректорот Велимир Стојковски, симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.