Нова читална во студентскиот дом Гоце Делчев

Нова современо опремена читална доби студентскиот дом Гоце Делчев. Читалната е со површина од 160 метри квадратни и се наоѓа во блокот Б, на шестиот кат.

Читалната е уредена со нов инвентар – маси, столови и библиотека, каде што студентите ќе може во квалитетни услови да ги подготвуваат своите  испити.

Просторот е опремен со донација од 8.500 евра од компанијата „Еуролинк осигурување“ која покрај со финансиска се вклучила и со логистичка поддршка и со креирање идејно решение за уредување на внатрешниот простор на читалната.