Нова ерупција на вулканот Етна

Вулканот Етна во јужна Италија денеска одново еруптираше.

Ова е втора ерупција на Етна во последниве 24 часа, откако вчера од кратерот на вулканот неколку часа истекуваше лава.

Засега нема предупредувања за опасност по населените места во околината на вулканот.

Вулканот Етна, кој е висок 3.300 метри, се наоѓа на островот Сицилија.