
Заедничка прес-конференција ќе се одржи денеска, а на истата заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, ќе информираат за Програмата за самовработување.
Конференцијата за медиумите ќе се одржи во „Дебатната сала“ во Владата на Република Македонија, а ќе започне во 12:00 часот.