Нови детали за експлозијата во Богданци: Загинатите не се момчиња

Три лица загинаа во денешната експлозија по која следуваше пожар во фабрика за плински боци во Богданци.

Според најновите податоци, починатите лица кои се од селото Ѓавато, се на возраст од 59, 42 и 40 години. Повредениот кој е пратен на скопските клиники поради тешките повреди е на возраст од 40 години, јавува Курир.

Полициските екипи во присуство на јавен обвинител вршат увид, по што се очекува да бидат познати повеќе детали затоа како дошло до експлозијата, па пожарот во фабриката.