Новиот парфем на Живанши наменет за сите модерни божици

Новиот парфем на Живанши е наменет за сите модерни божици, а свежата цветно дрвенеста парфемска вода нуди слатки ноти од класичен бел букет цвеќе, а во базата на парфемот се чувствува дрвенестиот момент.  Легендата за раѓањето на парфемот раскажува дека во срцето на Париз се наоѓал апартманот на Haussmann, а во него мистериозна дрвена музичка кутија во која се наоѓала модерната божица, која зрачела  со својата уникатност и златни нишки. Таа се буди од сон со звукот на музиката и тоа во раскошен фустан од прекрасни материјали, направен од модната куќа.

givanchyyyy

Покрај презентацијата на новите мирисни ноти, групацијата Орбико најавува екслузивни сетови за Нова Година, како и нови промоции и соработки за пролет.