Ново кривично дело: СДСМ фингира дека потрошила нула денари за печатењето на програмата и флаерите

Финансискиот извештај на СДСМ покажува низа нелогичности, недоследности и сомнежи за финансиски криминал.

Вчера објавивме дека СДСМ има реално потрошено 40 проценти повеќе од сумата која формално ја има прикажано како потрoшена во нивниот извештај, кој што е објавен на сајтот на Државниот завод за ревизија, како и на сајтот на СДСМ.

Освен тоа, има уште една нелогичност која отворено го поткрепува сомнежот дека СДСМ вршела плаќање во готово што е апсолутно незаконски и покренува кривична одговорност за која казната е затвор.

Имено, во првиот извштај поднесен за првиод дел од кампањата, од 10 ноември до 30 ноември 2016, под ставката 13 услуги за копирање, печатење и издавање се потрошени нула денари. За истата услуга во извештајот за вториот дел од кампањата од 1 декември до 9 декември 2016 година, исто така се потрошени нула денари. Ова значи дека за целата изборна кампања СДСМ не потрошила пари за печатење, копирање и издавање на материјал, нешто што е апсолутно невозможно бидејќи СДСМ излезе со печатена верзија на програма која беше делена, како и флаери и буклети повеќејазични.

изв 1

изв 5

Самиот Заев во јавност излезе со флаери од неговата програма „За Живот“ користејќи печатен материјал како пропаганда. Сликите и видеата покажуваат дека Заев и СДСМ потрошиле пари за тоа, но ваквите трошоци не се ставени во финансискиот извештај доставен до официјалните институции.

zaev flaer

Според одредени непотврдени информации, претпоставките се дека програмата на СДСМ воопшто не била печатена во Македонија, туку во една соседна држава, а било плаќано во кеш, користејќи средства кои им биле во неограничена мера ставени на располагање, од страна на организација која е финансиски и политички подржувач на СДСМ.

Самиот овој факт говори и за вмешаноста на надворешни структури во внатрешните работи на државата и паричните средства кои им биле ставени на располагање, како и влијанието на тие структури да се замешаат во сувереното одлучување на граѓаните и инсталирањето на свои интрументи во државата.

Сето ова повлекува неколку кривични дела казниви со Кривичниот законик, но и според Законот за финансирање на политичките партии.

Една друга воочлива работа е што шарените револуционери, кои беа дел од платеничката револуција на СОРОС и СДСМ повторно ги покажаа своите пари, наспроти тврдењата дека постои режим и диктатура. Имено студентката од платеничката револуција Ивана Туфекџик донирала 118 илјади денари за СДСМ, додека Павле Богоевски донирал дури четири пати во вкупна вредност од 184 илјади денари. Петре Шилегов, кој меѓудругото се стекна плус со два стана, донирал четири пати во вкупна вредност од 217 илјади денари, а лидерот на младите на СДСМ, Стефан Богоев, донирал 177 илјади денари.

Меѓу финансиерите на СДСМ е и СЕМОС, каде акционер е сопругата на поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, во вкупна вредност од половина милион денари.