Ново тениско игралиште во Железара

Во дворот на основното училиште Григор Прличев беше пуштено во употреба новото тениско игралиште кое ќе биде во функција на користење на учениците. Овој проект е реализиран во соработка помеѓу општина Гази Баба и Агенцијата за млади и спорт.

Со овој проект општината и Агенцијата за млади и спорт сакаат да дадат дополнителен мотив на учениците за поголема спортска активност.

Тениското игралиште го посетија претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, градоначалникот Тони Трајковски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.