Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе ги објави плановите за испраќање на 3.000 војници во Либерија кои треба да помогнат во борбата против еболата, јавува Би-Би-Си.
Во епидемијата од ебола досега животот го загубиле повеќе од 2.400 лица. Најмногу погодени се западноафрикасните држави Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја.
Американските власти велат дека целта на иницијативата против еболата е да се вежбаат 500 здравствени работници неделно, да се изградат 17 здравствени објекти со околу 100 кревети, да се зајакне меѓународната соработка, како и да се извежба локалното население како да им помогне на медицинските лица и како правилно треба да ги носат пациентите.