Обама: Украинската криза не е игра меѓу Вашингтон и Москва

Американскиот претседател, Барак Обама изјави дека САД не ја гледаат тековната криза во Украина и Крим како „игра со нули“ меѓу Вашингтон и Москва.

Во интервјуто објавено во денешниот број на холандскиот весник „Де Волкскрант“, Обама истакнал: „САД не ја гледаат Европа како бојно поле меѓу Истокот и Западот и не ја гледаат ситуацијата во Украина како ‘игра со нули’. Овој начин на размислување мораше да си замине со крајот на Студената војна“.

Претседателот додаде дека украинскиот народ не треба да избира меѓу Истокот и Западот, туку токму спротивното, важно е Украина да има добри односи со САД, Русија и Европа.

„Како што кажав и претходно, иднината на Украина треба да биде решена од украинскиот народ“, истакнал американскиот претседател.

По прашањето за можноста од дополнителни санкции против Русија, Обама изјави дека мора да има последици ако кризата продолжи да ескалира и дека ако Русија продолжи да ја влошува ситуацијата, ќе треба да е подготвена да плати поголема цена.