Обезбедување претепало позната српска водителка

Водителката Ана Михајловски добила ќотек минатата недела во еден од белградските сплавови.

Ана со својата сестра и пријателите дошле во клубот за да прослават роденден на една од пријателките, но ноќната забава завршила со искубана коса и модринки.

За време на забавата Михајловски, како што пишуваат српските медиуми, се качила на сепарето за да игра, по што дошол еден од обезбедувањето и ѝ рекол дека мора да се симне и нормално да седне.

-Кога момчето ѝ рече да се симне, таа му врати „Ало, не ме пипкај“. Тоа го изнервира, па ја фати за коса и ја турна на столчето. Дојдоа и други од обезбедувањето и почнаа расправија со Михајловски и нејзините другарки. По жестоката расправија, Ана ја фатија за врат и ја фрлија на маса. Ја фатија потоа околу половината и ја исфрлија од сплавот, вели извор за српски Информер кој се нашол на местото и додава дека била малку под дејството на алкохол, но обезбедување имало прегруб однос со неа.

Водителката потврдила дека се случил инцидент, но не открива детали.

-Би апелирала во Градот Белград и државата Србија малку да се позанимава со обезбедувањето кое треба да се грижи за безбедноста на гостите. Ова што се случува не е нималку наивно, вели водителката.