„Фабрика продукција“ на својот официјален канал на „Јутјуб“ објави нов спот на Влатко Илиевски.
Станува збор за видеозапис за песната „До крајот“. Нема детали кога е снимен овој проект, а видеото е споделено и на „Фејсбук“ на една од фан-страните на трагично починатиот пејач.
Безживотното тело на Илиевски беше пронајдено во неговиот автомобил во Скопје.
Македонската јавност тагува по пејачот кој прерано загина, но барем неговите дела ќе останат засекогаш со нас.