Облачно со повремен локален дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло, попладне со повремен локален дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб доумерен ветер од јужен правец.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите делови од земјата, но претежно ќе бидат со слаб интензитет.

Утринската температура ќе се движи помеѓу минус шест и два, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура околу минус три, а дневната до седум степени.

Во понеделник облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат претежно со слаб, а во западните делови повремено и умерен интензитет.