Македонија

Облачно време со температура до 11 степени

Облачно време со температура до 11 степени

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност особено во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје ќе се задржи умерено до значително облачно време со утринска температура околу нулата и со дневна до седум степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно облачно време со услови за повремен локален дожд, особено во четврток. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.