Од денеска бесплатни геодетски елаборати за поплавените

Агенцијата за катастар од денеска почнува да ги изработува бесплатните геодетски елаборати за жителите на поплавените подрачја во скопско.

Граѓаните од поплавените подрачја кои поднеле барање за легализација на диво изграден објект до надлежната општина, а се уште немаат доставено геодетски елаборат од први септември  можеа да се јават во инфоцентарот на агенцијата за катастар на недвижности.

Од тогаш сите пријавени беа посетени од екипи на агенцијата за катастар на недвижности со цел изготвување бесплатен геодетски елаборат.

Оваа мерка е една од пакет мерките на владата за помош на граѓаните од поплавените подрачја која предвидува и изготвување бесплатни геодетски елаборати за лица кои поднеле барање за легализација на диво изграден објект.