понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 45

Од денеска нова директна авиолинија Брисел – Охрид

Со пристигнувањето на првата група туристи од Брисел на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе биде означен почетокот на авионската линија Брисел – Охрид.

Aerodrom-Ohrid

Поврзани вести

Со пристигнувањето на првата група туристи од Брисел на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе биде означен почетокот на авионската линија Брисел – Охрид.

Туристите на охридскиот аеродром ќе пристигнат денеска со туроператорот „Томас Кук“.

На официјалниот почеток на оваа авиолинија најавено е обраќање на претставници од ТАВ Македонија, туроператорот „Томас Кук“, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и од локалната самоуправа на Охрид.

Со воведувањето на оваа авиолинија се очекува да се зголеми бројот на туристи од Брисел, но и другите европски дестинации.

Најчитани вести