Од утре пензионерите ќе се возат бесплатно и во недела

Од утре пензионерите ќе можат да се возат бесплатно бо автобусите на ЈСП и во неела.

Досега тие имаа можност бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП во вторник, петок и во сабота, а Градот Скопје сега им овозможува да користат бесплатен автобуски превоз и во недела.

Градот Скопје смета дека оваа можност ќе им биде од корист на повозрасните граѓани, а ќе се намали и метежот што се создава во автобусите на ЈСП во текот на работните денови.

Бесплатниот превоз во автобусите на ЈСП се остварува со покажување лична карта.