Одложена седницата за Законот за јазиците

Седницата на која требаше да се расправа за Законот за јазиците денеска не се одржа,иако два пати беше најавувана,прво во 12, а потоа во 15 часот.
Официјално, нема никакво образложение зошто седницата воопшто не почна, а неофицијално, СДСМ и ДУИ не постигнале компромис што е приоритет за Собранието.
Причина за несогласувањето се амандманите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги расакра СДСМ и ДУИ. Тврдата позиција на собранискиот спикер Талат Џафњери и пратениците на ДУИ да ги отфрлат амандманите и да се гласа законот без амандманска расправа, не добија поддршка од СДСМ.
Седницата е одложена на неодредено време.