„Сериозната загриженост“ на Западот од одлуката за помилување донесена од страна на претседателот Ѓорге Иванов всушност се чини дека претставува сериозна загриженост поради пропаѓањето на новиот, втор, обид за државен удар и украинско сценарио во Македонија.
Огромен број на влијателни медиуми, аналитичари и политичари ширум светот предупредуваат за намерите на Вашингтон и нему подредениот Брисел да предизвикаат крвава граѓанска војна во Македонија по примерот на украинското сценарио. Перверзниот план потоа предвидува менување на уставното име, а за крај и федерализација на државата. Крајниот резултат треба да биде обезличен, поделен и изнемоштен народ со западни инсталации во власта кои што на пример, без проблем ќе воведат санкции кон Русија или ќе го повлечат учеството на земјата од проектите на БРИКС, како високо-брзинската кинеска железница.
За познавачите на реалните состојби нема дилема поради мултиполарниот пристап во надворешната политика и штитењето на националните интереси, владата на Груевски за Западот е неприфатлива опција, со оглед на тоа што опозицијата нуди концепт на свиткана кичма.
Република Македонија е жртва на американска дестабилизација со цел промена на власта, се вели во последната анализа на независната тинк-танк организација за геополитички анализи „Katehon“, која што и претходно информираше и дека Катица Јанева е американска марионета, додека Зоран Заев кој што е финансиран од Сорос има добиено 1,5 милиони прислушувани разговори од американската амбасада во Скопје. Во последната анализа на “Katehon” потпишана од новинарот и експерт Андреј Корибко, се вели дека последните протести на т.н. “опозиција” се всушност одговор на САД на одлуката за помилување донесена од претседателот Ѓорге Иванов, со што дефинитивно пропадна и вториот обидот за државен удар во Македонија, во пресрет на предвремените парламентарни избори.
Како одговор на ненадејното расипување на плановите за државен удар, САД им нареди на своите подредени, невладините организации поврзани со Сорос и на “опозицијата”, да го засилат притисокот врз властите и да почнат со прогресивно ширење на нивниот втор и однапред планиран обид за пуч, со што повторно ја ставија во погон обоената револуција, како подготовка за она што се очекува да прерасне во кампања на неконвенционално војување. Непопуларен спектар од анти-владини “активисти”, вклучувајќи ги Либерал -демократите, културните Марксисти и еврофилите, го преплавија Скопје во трескавичниот обид да го претворат во балкански Киев, но професионализмот на безбедносните сили и патриотизмот на граѓаните уште еднаш одигра голема улога во ублажувањето на непосредната ескалација на нередите и во спречувањето работите целосно да излезат од контрола, вели Корибко во анализата, предупредувајќи дека заканата сеуште постои.
И руското Министерство за надворешни работи кое што редовно се јавува со реакции уште од минатогодишниот, прв обид за пуч, повторно предупреди дека надворешни сили ја користат македонската опозиција како инструмент за распалување на внатрешен конфликт со цел да не дојде до одржување на предвремените парламентарни избори, кои што се единствен легитимен излез од кризата.
И Грците сакаат американската марионета Заев да биде инсталирана во власта
Улога во обидите за дестабилизација на Македонија се чини дека има и јужниот сосед кој што изгледа дека не прави ништо за да ги спречи невладините организации во Сехово односно Идомени да организираат инвазија на македонската граница, со што го помагаат обидот на САД за смена на власта со цел инсталирање на марионетата Заев кој што потоа ќе помогне за остварување на грчките интереси.
Долгиот ‘спор за името’ е одговорен за желбата на грчките власти да ги срушат нивните северни соседи, верувајќи дека ако со огромен притисок од страна на овој човечки бран успеат во соборување на властите и инсталирање на про-американскиот полтронски режим предводен од Зоран Заев, новата “влада” би можела да направи “компромис” за уставното име на Република Македонија, со што ќе се задоволи долгогодишната желба на Атина, пишува Корибко во анализата.
Зоран Заев и неговите социјалдемократи сугерираат приспособување кон позицијата на Грција, се вели и во анализата објавена на американскиот портал за вести The Daily Caller во која што се предвидува дека Груевски повторно ќе биде премиер.
„Соросоидот“ Нимиц и високи американски претставници жалеле што САД не признале под уставно име?
Поприлично контроверзни се чинат и ставовите што навидум неутралниот претставник на ОН, медијатарот Метју Нимиц ги искажал на неодамнешната средба со грчката дијаспора во САД. Грчки медиуми информираат дека во контекст на кампањата на грчкото пан-македонско движење во САД чиј почесен претседател е архиепископот Димитриос, која што има за цел администрацијата на Барак Обама да го повлече признавањето под уставно име, била одржана и средба со медијаторот Нимиц во чии рамки тој истакнал дека признавањето на уставното име во 2004 та било грешка.
Во пресрет на претстојните претседателски избори во САД, пан-македонската организација му пристапува на прашањето со релевантна посветеност. На неодамнешниот состанок меѓу г-динот Хаџи ( Претседател на организацијата ) и други претставници на пан-македонското движење со специјалниот медијатор за разликите за името на Скопје, г-динот Метју Нимиц ја призна грешката на Џорџ Буш, а и високи претставници на американската политиката денес го признаваат погрешниот чекор од 2004 та, правдајќи се дека биле под илузија дека ќе го олеснат постигнувањето на спогодба меѓу двете држави…, пишува грчкиот весник Kontra News.
Нимиц своевремено беше првиот претседател на невладината “Center for Democracy and Reconciliation in Southeast Europe” со седиште во Солун. Клучниот проект на оваа организација почнат уште во 1999 година, а актуелен и денес, е “ Проектoт за заедничка историја” чии финансиери меѓудругите, се Сорос и УСАИД. Проектот ја претставува основата на целокупната активност на оваа НВО и во негови рамки се прават напори за менување на начинот на кој што историјата се учи во училиштата ширум Балканот, преку обезбедување со материјали и осигурување дека тие ќе се користат.
Марија Котовска / Дописник на Нетпрес од Атина