Ограбена црква во Тетово

Две засега непознати лица извршиле тешка кражба во црквата Света Богородица во тетовската населба Горна Чаршија.

Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски кражбата се случила во сабота околу три часот и десет минути по полноќ откако непознатите насилно ја отвориле двокрилната влезна врата од црквата.

По влегувањето внатре тие од метална каса за прилози на верниците одзеле околу три илјади денари во разни апоени, но во тој момент се вклучил сензорот за светло и откако црквата се осветлила крадците со одземените пари избегале. Полцијата извршила увид и работи на идентификување и приведување на сторителчите на кражбата, рече Јосифовски.