Околу десет илјади граѓани на поранешни земји од СССР војуваат во Сирија

Околу десет илјади граѓани на поранешни земји од СССР војуваат во Сирија
Околу десет илјади граѓани на поранешни земји од СССР војуваат во Сирија

Околу десет илјади граѓани на земји од Организацијата на Договорот за колективна безбедност војуваат во Сирија, изјави денеска генералниот секретар на Организацијата, Николај Бордјожа.

Членки на Организацијата се шест земји од постсоветското пространство, Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан.

– Има точни податоци по земја, нагласи Бордјожа, кој ги посочи конкретно Русија, Киргистан и Таџикистан, јави ТАСС.

Тој додаде дека е регистрирано и враќање на борци од Сирија во нивните родни земји и предупреди дека дел од тие екстремисти планираат да извршат терористички напади во своите држави.