Оливер Спасовски почна да се вози во новото „ауди“ кое го зеде уште на првиот ден од неговиот техничко именување во министерството.
За разлика од претходните министри кои имаа далеку подолг стаж и во однос на времетраење и во однос на реализирани оперативни акции, забележливо е дека Спасовски се движи со дополнителни возила како обезбедување, пишува порталот „Прес 24“.
Скопјани кои живеат во близина на Министерството за внатрешни работи веќе реагирале заради буката и вклучените сирени од неговото обезбедување кога се движеле.
Вчера СДСМ реагираше дека Спасовски ќе ги врател сите возила кои биле запленети во кривични постапки, а според информациите на „Прес 24“ токму луксузното „ауди“ кое го одбрал Спасовски е запленето токму во таква постапка.
Доказ за тоа се и фотографиите објавени на „Прес 24“ на кои може да се види дека истото возило е запленето во полициска акција во која е откриен транспорт на поголема количина хероин од Косово.