Оперирано детето што беше фрлено од тераса во Хиподром

Ноќеска е извршена операција на главата на шест годишното дете што вчера беше фрлено од четврти кат од зграда во скопски Хиподром, со цел санирање на последиците од фрактурата на главата што ја доби при падот – информираат надлежните од скопскиот клинички центар за Канал 5.

Засега општата здравствена состојбата на момчето е стабилна. Детето е под строг лекарски надзор во интензивна нега.

А 37-годишната мајка кој прво го фрли синот а потоа и самата се фрли од балконот на четврти спрат  е на респираторна машина и е во критична состојба.

До крајот на неделава конзулиумот лекари  треба да решат што ќе превземат натаму.

Повеќе за целиот настан што се случи вчера, на следниот линк.