Општествените и дивовселените станови ќе може да се откупат до 31 март

Со новите измени во Законот за домување, кои почна да важат од 7 јануари се продолжува рокот за поднесување барање за откуп на општествен стан до 31 март годинава, со цел да се заокружи процесот на откуп на станови во општествена сопственост, но и да се регулира статусот на повеќе од 900 дивовселени станови и оние кои се дадени на лица кои се социјална категорија. За таа цел, тим од АД за стопанисување со станбен и деловен простор, ќе излезе на терен и ќе ги поседи сите корисници на овие станови, укажувајќи им на новите законски измени и кои се нивните опции.

„Целта да се регулира статусот на околу 2.500 станови. Од нив дел се општествени, станови за лица со ниски приходи и дововселените. Почнувајќи од денска, ќе се посетати сите овие домови со цел да им се укаже на граѓаните за имените на законот, за можностите да ги откупат или пак да ги земат под закуп. Подрачните единици на АД за стопанисувањ со станбен и деловен простор ќе работи двосменски, за да им се овозможи на граѓаните да ги поднесат своите барања“, истакна министерот за транспорт и врски,  Миле Јанакиески.

Подрачните единици на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, ќе работат во понеделник, среда и петок, од 8.30 до 19 часот.

Дел од потребните документи надлежните инстутуии ќе ги обезбедуваат и по службена должност.

Доколку не се испочитува и овој рок, корисниците на овие станови ќе го изгубат правото да го откупат станот и ќе можат само да склучат договор за закуп.

Во зависност од прихотите ќе зависи  закупот на станот. За социјално ранливи категории нема закупнина. Дококу корисниците на општествените станови имаат заостанати долгови по основ на закуп, долгот ќе влезе во основицата и би се склучил договор за исплаќање на рати.

Голем голем број граѓани имаа потешкотии во комплетирање на документацијата, бидејќи за некои од становите договорите се склучени пред повеќе од 30 години и не можат да се најдат ниту во архивите. Со измените на Законот и пролонгирање на рокот, ќе се овозможи сите кои ги немаат документите, до определениот рок да поднесат барање до Министерството за транспорт и врски и врз основа на тоа што имаат стан без соодветен акт да го откупат. На овој начин се предвидува можност лицата да може да го откупат станот само со еден акт.

Со овој закон, Владата ќе им овозможи на повеќе семејства да го откупат општествениот стан во кој живеат, а за кој не можеле да добијат право на сопственост поради нецелосна документација.