Општина Ѓорче Петров и Мисијата на ОБСЕ ќе потпишат меморандум за соработка

Меморандум за соработка ќе потпишат денеска градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски и вршителот на должност шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Мариане Берец.

Потпишувањето на Меморандумот е дел од проектните активности на тимот за Демократско управување при Мисијата на ОБСЕ.

Предвидено е спроведување на три компоненти за градење на капацитетите во општина Ѓорче Петров и тоа поддршка за воведување на инструментот Заедничка рамка за проценка во насока на имплементација на систем за управување со квалитет и испорака на поквалитетни услуги за граѓаните, промовирање превентивна анти-корупциска политика во општината за општинската администрација и градење на капацитетите на членовите на Советот на општината во делот децентрализација и планирање со учество на граѓаните.

фото: Нова Македонија