понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 46

Општина Илинден: Интензивно се градат повеќе капитални објекти

Градоначаликот на Општина Илинден, Жика Стојановски заедно со соработниците изврши обиколка на повеќе локации во Општината каде што се во тек интензивни градежни работи, во рамките на реализацијата на поголем број капитални проекти.

Ilinden-se-gradi

Последни вести

Градоначаликот на Општина Илинден, Жика Стојановски заедно со соработниците изврши обиколка на повеќе локации во Општината каде што се во тек интензивни градежни работи, во рамките на реализацијата на поголем број капитални проекти.

Стојановски на самото место се запозна со текот на активностите околу изградбата на новите домови на култура во населените места Марино и во Миладиновци, изградбата на фекалната канализација со пречистителна станица во н.м Марино, пешачкиот мост во Миладиновци, рехабилитацијата на улица „10“ во Кадино, како и реализацијата на проектот Галерија на отворено, во рамките на кој е опфатено уредување на дворот на Домот на култура „Илинден“.

Ilinden-se-gradi-2

Обиколката беше искористена за повеќе средби со граѓаните во нас. Илинден, како и во населените места Марино, Кадино и Миладиновци.  На средбите граѓаните директно ги посочија проблемите во своите населени места, изнесувајќи свои мислења, сопствени идеи и проекти, како и нови иницијативи за подобрување на квалитетот на живеење во Општина Илинден.

Градоначалникот Стојановски, овие средби со граѓаните ги оцени како многу корисни, зашто, како што рече, токму активното граѓанско учество придонесува во создавањето на квалитетни услови за живеење и брз одржлив локален економски развој на локалната заедница.

Најчитани вести